Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд – стабилизација на времето од вторник

105
????????????????????????????????????

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР.

Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), проследени со засилен ветер и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни.

Од вторник се очекува стабилизирање на времето.

ИЗДВОЕНИ