недела, јануари 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Променливо облачно со попладневен локален пороен дожд во западните делови

Променливо облачно со попладневен локален пороен дожд во западните делови

82

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне во западните делови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Температурите ќе бидат пониски за 5 до 7 степени во споредба од оние кои ги имавме до вчера. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

Во недела минималната температура во државата ќе изнесува од 9°C до 18°C, а максималната од 26°C до 33°C

ИЗДВОЕНИ