
Ерик Тен Хег беше претставен како нов менаџер на Манчестер Јунајтед во април 2022 година, заменувајќи го Ралф Рангник. И покрај импресивните резултати со Ајакс, Тен Хег не успеа да го пренесе тоа на „Олд Трафорд“, но сепак успеа да ги освои Карабао Купот и ФА Купот.
Во октомври 2024 година, по ужасниот почеток на сезоната во Премиер лигата, одборот на Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг и да го замени со Рубен Аморим.
За време на престојот на Тен Хаг во клубот, огромни парични суми беа потрошени на трансферите на Антони, Расмус Хојлунд, Касемиро и Мејсон Маунт.
Од друга страна, играчи како Давид де Хеа, Скот Мектоминеи, Арон Ван-Бисака и Андреас Переира го напуштија клубот откако Холанѓанецот седна во менаџерскот столче.
Сепак, постои еден трансфер што на крајот значеше дека Манчестер Јунајтед изгуби милиони, а тоа беше дефанзивецот Алваро Карерас.
Во јануари 2024 година, Манчестер Јунајтед го испрати Карерас на позајмица во Бенфика со откупна клаузула од 6 мил. евра, плус потенцијални 3 мил. евра во бонуси.
Само една година подоцна, по импресивните настапи за Бенфика, Карерас беше продаден на Реал (М) за 50 мил. евра. Јасно е дека Тен Хаг направил голема грешка со овој играч и дека не го препознал талентот во него, а вредноста на Карерас моментално се проценува на 80 мил. евра.