Под влијание на фронтална долина со поладен воздух на висина, во следните 24 часа во Македонија на повеќе места ќе има нови врнежи од дожд, локално поројни и проследени со појава на грмежи, особено во јужната половина од Македонија.

Локално пак, атмосферските процеси можно е да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со појава на град, пишува Метеоаларм во најновата временска прогноза.

И во делови од Скопскиот регион во текот на овој период ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Температурите остануваат релативно пониски. Уште поголем пад на температурите ќе имаме кон крајот на работнава седмица, кога ќе има и пообилни врнежи на повеќе места во Македонија, а на високите планини поради падот на температурите  и продорот на ладен воздух од север и од североисток ќе има и врнежи од снег.

ИЗДВОЕНИ