Производителите продале 460 гигават-часови

10

Во јули годинава биле продадени 460 гигават-часа електрична енергија за задоволување на севкупната потрошувачка во државата, без загубите, покажуваат податоците на националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО.

На пазарот на електрична енергија се реализирани трансакции од сопствено производство во висина од 551 гигават-час, во кои ЕСМ учествува со најголем процент од 38,8 % или со 214 гигават-часови, а потоа следуваат независните производители со 192, односно 34,9 %, виртуелните производители со 121 или 22 % и повластените производители, кои користат повластена тарифа на електрична енергија со 24 гигават-часови, односно 4,3 %.

– Учеството на домашното производство на електрична енергија во однос на нето-потрошувачката изнесува 100 % –  посочуваат од МЕМО.

ИЗДВОЕНИ