Интернет платформата Ranker секоја година избира најомразена позната личност, а можност да гласаат имаа милиони луѓе ширум светот. На нивната листа не се само политичарите, а гласањето е многу едноставно – само „да“ или „не“.
Оваа година, „ласкавата“ титула за најомразена личност ѝ припадна на Меган Маркл. Меган Маркл Можеби за некои ќе биде изненадување, но за оние кои ја следат работата на војвотката од Сасекс малку поблиску, ова беше сосема очекувано.
Така, Меган не е само омразена во кралското семејство, сега речиси 50.000 гласачи ѝ помогнаа да се најде на врвот на оваа листа.
Таа е критикувана за бројните изјави, нејзиното однесување, документарецот „Со љубов, Меган“, а тука е и употребата на титулата војвотка, која одамна престана да ѝ припаѓа.
Повеќето луѓе ја сметаат Меган за арогантна личност со комплекс на супериорност, а второто место на оваа листа го зазема нејзиниот сопруг, принцот Хари.
Третото место го зазеде Елен Деџенерес, за наводно малтретирање на вработените, а на листата се наоѓаат и Опра Винфри, Амбер Херд, Шон Диди Комбс, Ким Кардашијан, Канје Вест, Бил Козби и Џејмс Корден.












