Професорот Марковски на прес со маска од диносаурус

83

Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето, рече проф. Горан Марковски кој како кандидат за градоначалник на Скопје од граѓанската платформа „Независни заедно“ одржа пресконференција во близина на депонијата Вардариште. 

Невообичаено беше што професорот на пресот стигна со маска од диносаурус.

Тој и носителката на кандидатската листа за советници во Град Скопје Јана Белчева Андреевска истакнаа дека постојат стручни методи за да се реши проблемот.

-Постои можност оваа енергија којашто денес ни создава проблем да ја искористиме и за производство на електрична енергија. Само треба знаење, одговорност и секако независност“, рече Марковски.

ИЗДВОЕНИ