Професорот Горан Марковски кандидат за скопски градоначалник на Граѓанската платформа „Независни заедно“

159

Професорот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет, ќе биде независен кандидат за градоначалник на Град Скопје, соопшти Граѓанската платформа „Независни заедно“.

-Заедно да му дадеме шанса на градот, шанса да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав град по мерка на човекот соопштија од платформата.

Кандидатурата на професорот е поддржана од граѓанската платформа „Независни“ заедно, составена од „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“.

Заедно со Марковски, бројот на кандидати за градоначалник на Скопје сега се искачи на седум. Вчера своја кандидатура најави универзитетски професор Александар Рашковиќ како независен кандидат поддржан од партијата ТМРО. Претходно, свои кандидатури потврдија или најавија Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, Каја Шукова од СДСМ, Скендер Реџепи како претставник на коалицијата предводена од ДУИ, Башким Бакиу од Вреди и Амар Мециновиќ од Левица. (Б.Ѓ.)

 

ИЗДВОЕНИ