Лари Самерс, поранешен секретар за финансии на САД во времето на претседателот Бил Клинтон и поранешен претседател на Универзитетот Харвард, ќе поднесе оставка од позицијата на предавач на Харвард откако документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн открија дека тој имал близок однос со него.
Според извештаите во „Њујорк тајмс“, Самерс формално ќе ја поднесе својата оставка на крајот од тековната академска година. Самерс се повлекува од сите академски и наставнички позиции и поднесе оставка од функцијата копретседател на Центарот за бизнис и влада „Мосавар-Рахмани“ на Харвардската школа „Кенеди“.
Во изјава за „Харвард Кримсон“, Самерс ја опиша одлуката како тешка, но рече дека со нетрпение очекува да продолжи да работи на глобалните економски прашања како пензиониран професор.
Оставката доаѓа откако Харвард започна истрага во ноември за врската на Самерс со Епстин.
Потоа, универзитетот го стави на отсуство, откако беа откриени претходно необјавени комуникации меѓу нив двајца.
Е-поштата покажа дека Самерс постојано барал совет од Епстин во обид да воспостави врска со жената што ја опишувал како своја штитеничка, додека Епстин се нарекувал себеси негов „човек-крило“.
Самерс претходно поднесе оставка и од одборот на директори на OpenAI по јавните реакции поради откритијата.
Тој беше секретар за финансии на САД во администрацијата на поранешниот претседател Бил Клинтон и беше советник на поранешниот претседател Барак Обама.
Епстин почина во 2019 година додека чекаше судење по обвинението за трговија со луѓе заради сексуална експлоатација.












