Професорот на Правен факултет „Јунстинијан Први“ Гоце Наумовски е предложен за нов уставен судија. Наумовски доаѓа на предлог на Комисијата за избори и именување, а на 18-ти се очекува да биде исгласан и на собраниска седница. Наумовски е и надоврешен советник на премиерот Христијан Мицкоски и брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко
Наумовски доаѓа на местото на професорката Јадранка Дабовиќ која си поднеде оставка од приватни причини.
На Правниот факултет Наумовски е редовен професор на катедрата по Римско право, а предава уште и предмети какви што се Право и информатичка технологија, Право на трговски марки и географски називи, Патентно право, Спортско право, Реторика, Интелектуална сопственост, Правна реторика и аргументација.












