Проектот за град среде природен резерват во Англија наскоро би можел да стане реалност

18

Идејата за град изграден од дрво, кој би се градел во средината на нов природен резерват во Англија, наскоро би можел да стане реалност, објавија денес британските медиуми.

Поддржувачите на овој проект од редовите на меѓупартиската коалиција планираат да изградат „шумски град“ во кој би живееле милион луѓе, а каде што куќите со четири спални соби би чинеле 350.000 фунти, објавува Гардијан.

Авторот на оваа идеја, инвеститор и поранешен новинар за овој весник, Шив Малик, во последните години пишуваше за тоа колку е потешко за миленијалците да го решат станбеното прашање отколку за претходните генерации.

ИЗДВОЕНИ