Проектираните приходи не се оствариле, ќе се префрлат пари од Буџетот во пензискиот фонд

30

Заради неостварување на проектирани приходи во пензиски фонд има потреба од дополнително пренасочување на средства кон ПИОМ, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.

– Станува збор за неостварување на проектираните приходи во рамки на пензискиот фонд и потреба од дополнително пренасочување на средства кон нив, од страна на буџетот. Во однос на усогласувањето на пензиите, веќе кажавме дека во септември, ние го вративме на сила и така беше предвидено со старото законско решение, ќе продолжиме со истото и ќе имаме покачување, чекаме да заврши месецот и да видиме колку ќе бидат точно пресметките за покачувањето на пензиите до крајот на годината, одговори таа за милијардата денари за ПИОМ, кои дополнително ќе се дадат со ребалансот на буџетот.

ИЗДВОЕНИ