Пратеникот Павле Арсоски од ЗНАМ за НАША МАКЕДОНИЈА отвори канцеларија во Кочани за контакт со граѓаните. Канцеларијата ќе работи секој работен ден,а асистент ќе прима странки, ќе забележува предлози и иницијативи и ќе закажува средби кои пратеникот ќе ги реализира еднаш во неделата.
–Одлуката јас како пратеник на ЗНАМ од ИЕ-3 да ставам во функција пратеничка канцеларија токму тука, во Кочани, беше донесена после сериозна промисла, емпатија, родителска и човечка грижа за добробит на граѓаните од Истокот. Особено на граѓаните на Кочани на кои им е потребна отворена врата и уште еден дополнителен глас, кој ќе биде глас на народот. Канцеларијата ќе биде место каде што граѓаните ќе може да се обратат, да поставуваат прашања, да истакнуваат проблеми, предлози и иницијативи. Оваа канцеларија посакувам да биде мост на доверба и на одговорност, истакна Арсоски на отворањето.
Отворањето на канцеларии на парламентарците е проект на македонското Собрание, кое се реализира со поддршка на НДИ. Собранието и НДИ, исто така, имаат развиено и интернет-платформа и апликација, на која граѓаните од другите 21 општина во ИЕ-3 ќе може да го прават истото без да мора да доаѓаат во канцеларијата во Кочани.
–Отворањето на оваа канцеларија е и дел од заложбите на Движење ЗНАМ за одговорни и транспарентни политики од граѓаните и за граѓаните. Движењето ЗНАМ е нов политички субјект, првпат застапен во македонското Собрание. Поради тоа, отворањето пратенички канцеларии во општини или во региони е процес кој бараше време и исполнување предуслови, пред сè, просторни услови, рече Арсоски и им се заблагодари на собраниските служби, на општинската администрација во Кочани и на Фондот за ПИОМ за поддршката.


![[Интервју] Тамара Котевска: Приказните за Македонија допрва ќе се раскажуваат!](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/12/nas-1-450x300.jpg)









