Продолжуваат градежните активности на надградбата на училиштето „Ацо Шопов“ 

46

Општина Бутел и Министерството за образование и наука ги надминаа проблемите со кои се соочија при изведбата на новата надградба на ООУ „Ацо Шопов“. Градежните активности на надградбата продолжуваат. Ова го соопшти градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

Новиот објект ќе содржи четири нови училници, со модерен хол, тоалети и со сите други неопходни простории.

– Оваа надградба ќе биде уште еден симбол за посветеноста на нашата Општина за обезбедување најдобри услови за нашите деца – истакна Костовски.

Тој најави и нов мегакапитален проект во дворот на ова училиште, без да открие за што станува збор.

 

ИЗДВОЕНИ