Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче со дополнение на доказната постапка

197

Денеска во Основниот Кривичен суд Скопје продолжува судењето за убистбото на Вања и Панче. На претходното рочиште заврши доказната постапка и се започна со дополнение на докази.

Дополнителни докази изведуваше Обвинителството помеѓу кои имаше снимки од безбедносните камери кај Велибор Манев кои, според Обвинителството, покажуваат дека обвинетите однапред се подготвувале за убиство, а не само за киднапирање на Вања Ѓорчевска.

На  една од снимките, која ја покажа ОЈО, се гледа како Манев внесува лопата во „рено кангу“, пред првиот обид да се грабне девојчето. Иако ова упатува на заклучокот дека обвинетите немале намера да бараат откуп, сепак обвинителството останува на мотивот киднапирање од користољубие. Обвинителките пред медиумите изјавија дека се ќе објаснат во завршниот збор.

Палевски во последен обид на докажување невиност, ОЈО му се спротивстави со нови докази

ИЗДВОЕНИ