Продолжува реконструкцијата на улиците во Визбегово

20

Општина Бутел продолжува со реконструкцијата на улиците во Визбегово. Оттаму информираат дека е започната санацијата на главната пристапна улица која се поврзува со општинското основно училиште „Визбегово”.

-Ова е значајна улица која за прв пат ќе добие асфалт и значително ќе го олесни патот на учениците од општинското основно училиште. Целосно реконструираме шест улици во Визбегово. За прв пат овие улици ќе добијат асфалт – известуваат од Општината.

Оттаму додаваат дека ќе продолжат и во останатите населени места.

– Асфалтираме и реконструираме 70 улици и вложуваме 150.000.000 денари – заклучија од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ