Продолжува проектот „Сервис за стари лица“

44

Преку проектот „Центар се грижи за возрасните“, што Општина Центар го реализира во соработка со Здружение за развој и поддршка „Хуманост“, опфатени се 90 повозрасни граѓани од Центар на кои им е потребна нега и поддршка во домашни услови. Градоначалникот Горан Герасимовскиго посети корисникот на услугата 84 годишниот Христо Станковски, со што и официјално започна реализацијата на проектот за оваа година.

-Со оваа услуга излегуваме во пресрет на нашите повозрасни центарци со цел да бидат функционални и полесно да се справуваат со секојдневните обврски. Со помошта на стручните лица, физиотерапевти и негуватели им обезбедуваме на нашите сограѓани подобри пензионерски денови и полесна старост  –  истакна градоначалникот Герасимовски.

Пензионерот Христо Станковски кој веќе неколку години ја користи услугата, се заблагодари за грижата и изрази задоволство од поддршката што ја добива преку општината.

Општина Центар информира дека сè уште има слободни места за овој проект. Заинтересираните можат да аплицираат од 1 до 15 секој месец во Архивата на Општина Центар , во период од 08:00 до 15:00 часот.

Право на користење имаат лица над 62 години кои имаат пензија до 35.000 денари или се корисници на социјална помош.

 

ИЗДВОЕНИ