понеделник, февруари 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Продолжува партерното уредување во населбата Карпош

Продолжува партерното уредување во населбата Карпош

316

Продолжува партерното уредување со бекатон плочки во кумановската населба Карпош, информираше градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

– Во моментов се работи на партерно уредување со бекатон плочки на одредени улици. Одиме по ред и оваа акција на Општина Куманово ќе продолжи и во иднина. Куманово заслужува континуитет и континуиран раст и развој. Наша обврска е да ги решаваме проблемите на граѓаните, кои ги има многу, ги имало и ќе ги има. Моја обврска е да ги има што помалку – информираше Димитриевски.

Тој претходно најави реализација на триесет инфраструктурни проекти во различни делови на градот, со акцент на централното градско подрачје, големите урбани населби и урбано-руралниот дел во градот. 

ИЗДВОЕНИ