Во текот на изминатата недела, ЈП Комунална хигиена седум пати во неделата, во три смени, реализирала собирање и транспорт на комуналниот отпад од 5.000 надземни, подземни и полуподземни контејнери лоцирани во сите скопски општини, додека приближно 90.000 канти наменети за одлагање на комуналниот отпад од индивидуалните домаќинства се празнеле два пати во неделата, според однапред утврден распоред по блокови.
Од претпријатието велат дека продолжуваат и со континуирано одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини што се во надлежност на Град Скопје.
– Секојдневно се спроведува рачно и машинско метење на најфреквентните јавни површини – улицата „Македонија“, централниот плоштад „Македонија“ и помалите плоштади: „Филип Втори“, „Мајка Тереза„ и „Богородица“, Камениот мост, мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, пешачките мостови во централното градско подрачје, како и Старата скопска чаршија – велат од ЈП Комунална хигиена.












