Продолжува изградбата на новата градинка во Бутел 2

21

Со одлична динамика напредува изградбата на новата градинка во населбата Бутел 2. Ова го констатираше градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, кој вчера изврши увид во градежните активности на објектот.

Новата модерна, современа градинка се гради на местото на стариот објект, кој беше изграден во далечната 1964 година и кој е урнат.

– Објектот се простира на површина од 1.800 квадратни метри, ќе има три влеза, седум занимални и исто толку спални соби, две занимални со заеднички спални соби и една модерна просторија за јасли. Воедно, ќе има и посебна просторија за изолација и медицинска сестра, како и млечна кујна. Новата градинка ќе има капацитет за 200 деца и ќе ги исполнува сите модерни услови за згрижување деца од предучилишна возраст – информираа од Општина Бутел.

 

 

ИЗДВОЕНИ