Општина Аеродром ја продолжува исплатата на финансиските средства по поднесените барања за еднократна парична помош за првачиња и за новороденчиња, потврдувајќи ја својата посветеност кон семејствата и кон најмладите жители на Општината.
– Од почетокот на оваа година, 564 семејства што поднесоа барање за новороденчиња, добија по 8.000 денари. Покрај тоа, Општина Аеродром досега има доделено по 3.500 денари на 350 првачиња, а исплатата на сите преостанати и одобрени барања ќе биде целосно реализирана најдоцна до крајот на оваа година – известуваат од локалната самоуправа.
Оттаму објаснуваат дека исплатата во претходниот период била привремено запрена поради одржувањето на локалните избори, а во согласност со ограничувањата пропишани во Изборниот законик.
– Со продолжувањето на овие активности, Општина Аеродром ја потврдува својата трајна заложба за поддршка на семејствата, затоа што секое дете е значаен дел од иднината на нашата општина – потенцираат општинските власти.












