До 2028 година, односно за уште три години ќе биде продолжена повластената даночна стапка од пет проценти за првиот промет на станови и згради. Предлог-законот за измените на Законот за данокот на додадена вредност е доставен до Собранието на усвојување, со цел да не дојде до дополнително поскапување и на така скапите станови по 1 јануари 2026 година.
Согласно со предлог- законот за измени, се пролонгира рокот за повластената стапка за уште три години, односно од 1 јануари 2026 година до 31 декември 2028 година.
Предлагачи се група пратеници, меѓу кои Антонијо Милошоски, Бојан Стојаноски, Бране Петрушевски, Дафина Стојаноска и Драгана Бојковска, кои бараат измените да се донесат по скратена постапка и додаваат дека ова не предизвикува негативни фискални импликации врз Буџетот.











