Продолжува апсењето камионџии низ САД, вон сообраќај над 1.000 камиони на фирми во сопственост на Македонци, Срби и Бошњаци, само во Чикаго

161

Миграциските агенти во голем број американски држави продолжуваат со рациите на патиштата откако последниве неколку дена уапсија повеќемина возачи на камиони, меѓу кои 15-мина Срби.

– Семејствата на уапсените, но и многу наши луѓе што немаат регулиран статус во Америка, се обраќаат до адвокати, барајќи стручна помош во оваа тешка ситуација – вели соговорникот на „Сербијан тајмс“, кој работи за компанија за камионски превоз во Чикаго и познава голем број луѓе од српската заедница.

Во меѓувреме, редакцијата на „Сербијан тајмс“ открила дека најголема концентрација на агенти на ICE на патиштата има во државите како Тексас и Флорида, додека, на пример, воопшто нема во Пенсилванија и во Охајо.

Според првите информации, на удар на агентите најчесто се возачите на мали, таканаречени бокс камиони. Но, ги земаат возачките дозволи од возачите на големи камиони што имаат работни дозволи, а немаат формулар I-94, поточно потврда дека влегле во земјата легално.

– Според информациите што ги добивме од неколку компании за камионски превоз во сопственост на Срби, Македонци и на Бошњаци во регионот на Чикаго, над 1.000 мали камиони моментално се надвор од сообраќај, едни поради апсење на возачите, други поради фактот што нивните возачи немаат американски „документи“ или се во процес на регулирање на својот статус – наведуваат од „Сербијан тајмс“.

Камионџиите, главно, ги апсат на автопатиштата во државите Индијана, Мичиген, Илиноис, Тексас, на вагите на кои се проверува нивната документација.

ИЗДВОЕНИ