Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ЈП ПОЦ) продолжува со акцијата за отстранување на хаварисаните возила оставени на јавните површини.
Со оваа акција, како што нагласуваат од претпријатието, продолжуваат да придонесуваат кон создавање на почиста, побезбедна и поурбана животна средина за сите граѓани.
– Нашата цел е целосно да го ослободиме Центар од хаварисани возила кои ја нарушуваат урбаната слика и зафаќаат паркинг места и јавни површини – вели директорот на ЈП ПОЦ, Душко Коцевски.
Тој апелира до сите сопственици на хаварисани возила да се приклучат кон акцијата и да ги пријават своите возила за отстранување.
Во изминатата година, ЈП ПОЦ успешно отстрани преку 120 хаварисани возила од јавните површини на територијата на Општина Центар.
За повеќе информации или пријава на хаварисано возило, граѓаните можат да контактираат со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ на телефонскиот број: 076 350 767.
Преку оваа акција, ЈП ПОЦ бесплатно ги транспортира хаварисаните возила до отпад, а средствата од откупот директно се префрлаат на сметката на сопственикот. На овој начин, секој граѓанин кој ќе се вклучи во акцијата придонесува за поуреден, побезбеден и пофункционален Центар.












