Продолжува акцијата за нерационално користење на водата

36

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ продолжува со спроведување на акцијата за откривање нерационално користење на водата на територијата на Град Скопје.

– Нерационалната и неконтролирана употреба на водата придонесува за исцрпување и за нарушување на системот за водоснабдување, што предизвикува намален притисок и повремени прекини во делови од градот – повторуваат од претпријатието.

Оттаму, во текот на акцијата, апелирале граѓаните да се придржуваат кон советите за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнуваат наводнување поголеми површини, разладување на дворните површини, прскање на улиците и непотребно трошење на водата.

– ЈП „Водовод и канализација“ продолжува континуирано да работи во насока на одржување и заштита на водоснабдителниот систем – нагласуваат од претпријатието.

 

ИЗДВОЕНИ