Поразот на Лос Анџелес Лејкерс во градското дерби против Клиперси (103:88) беше засенет од нов проблем за „езерџиите“, бидејќи Лука Дончиќ го заврши натпреварот на полувреме поради повреда на левата нога.

Словенечкиот ас покажа знаци на непријатност во текот на првата четвртина и се потешко се движеше, а потоа седна на клупата за резерви и таму остана до крајот на натпреварот. За 20 минути на теренот, тој постигна 12 поени, со пет скока и две асистенции, а без негова помош и фактот дека Лејкерси веќе страдаа од кадровски проблеми поради повредите на Хачимура и Ривс, тимот на Џеј-Џеј Редик немаше доволно енергија за да се справи со мотивираните Клиперси.

ИЗДВОЕНИ