Проблеми на Евровизија: Поднесени кривични пријави за закани со смрт кон израелските претставници/ВИДЕО

62
EPA-EFE/PETER SCHNEIDER

Јувал Рафаел, претставничката на Израел на Евровизија, доживеа непријатности и закани во последните денови во Базел.

Учеството на Израел на Евровизија оваа година привлече огромно внимание, а во неделата во Базел се одржаа протести против учеството на земјата на натпреварот.

Израелскиот радиодифузер „Кан“ денес поднесе пријава до полицијата во Базел во врска со наводни закани со смрт кон израелската претставничка Јувал Рафаел, пренесува Блиц.

Имено, на натпреварот учествуваат 37 земји, а за време на парадата со тиркизниот тепих во неделата, Јувал беше пречекана со исвиркувања, а на видео снимено од член на израелската делегација, се гледа како еден човек мавта со палестинско знаме и покажува палец надолу, а потоа го поминува прстот низ грлото и плука.

Овој гест беше протолкуван како закана со смрт, а од полицијата во Базел беше побарано да го истражи случајот.

На учеството на Израел на Евровизија се спротивставија и јавните радиодифузери во Шпанија, Исланд и Словенија, како и 70 поранешни учесници на натпреварот.

ИЗДВОЕНИ