Проблем со ГПС сигналот над Бугарија во 2023. имал и авионот со кој летал Бујар Османи

55

Случајот со авионот на претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, кој беше принуден да слета во Пловдив без ГПС-навигација, не бил единствениот таков со воздухоплов во кој се превезувал висок функционер.

Албанскиот портал „Јавањуз“ потсетува дека во февруари 2023 година, сличен проблем имал и службениот авион со кој патувал тогашниот министер за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи. Инцидентот, кој првпат се споменува јавно, се случил во февруари 2023 година, додека Османи се враќал од официјална мисија на ОБСЕ во Молдавија.

Леталото, додека минувало низ бугарскиот воздушен простор, целосно останало без ГПС-сигнал. Поради тоа, пилотите морале да преминат на рачни навигациски уреди и печатени мапи, следејќи пропишани процедури за вакви итни ситуации.

ИЗДВОЕНИ