
Поголемиот дел од италијанските медиуми ја пласираа и информацијата дека калчо гигантот Милан е на добар пат да се откаже од намерата да ги осигура услугите на српскиот интернационалец од редовите на Јувентус, Душан Влаховиќ. Искусниот напаѓач има договор со „старата дама“ до крајот на актуелната сезона, а главната причина за откажувањето на Милан е ноговото барање да има годишна плата од 10 мил. евра.











