
Раководните лица на калчогигантот Милан и на Порто не најдоа заеднички јазик за трансферот на мексиканскиот интернационалец Сантијаго Хименес. Робусниот напаѓач беше голема желба на португалскиот клуб, кој сакаше прво да го позајми, а потоа да го купи за 15 мил. евра, но доби негативен одговор со образложение дека вреди помеѓу 20 и 25 мил. евра.











