
Извршниот директор на актуелниот европски клупски шампион, тимот на ПСЖ, Луис Кампос откри зошто бил ставен крај на соработката со трофејниот италијански голман, Џиџи Донарума. Кампос потврди дека двете страни не се договориле поради побараната плата во новиот договор, а неколку дена подоцна, Донарума за 26 мил. евра беше продаден на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити.