
Близок извор до таборот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал ја откри вистинската причина поради која раководните лица се откажале од намерата да ги осигураат услугите на словенечкиот интернационалец од редовите на РБ Лајпциг, Бенџамин Шешко. Младиот напаѓач беше голема желба на „Емирати“, но трансферот нема да се реализира поради побараното обештетување од 100 мил. евра.