Директорот на ЈП „Железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски, објави на својот фејсбук-профил дека е пробиен и последниот тунел од вкупно 15., во делот на изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка.

Во објавата, тој напиша дека пробивањето на тунелите се смета за една од поспецифичните градежни активности и дека во овој проект, оваа позиција веќе е завршена. Тој посочи дека, иако моменталниот напредок од страна на изведувачот не е целосно според очекувањата, полека се надминуваат најспецифичните сегменти и очекува во следните месеци посериозна оперативна активност и видлив прогрес.
– Коридорот 8 е од стратешко значење за Македонија и за НАТО и сериозно се работи на неговата изградба и поврзување на Јадранското со Црното Море – напиша Ивановски.












