Признавањето на Палестина е прерано, смета австрискиот канцелар

13

За време на сесијата на Генералното собрание на Обединетите нации, австрискиот канцелар Кристијан Штокер и министерката за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер изјавија дека Австрија поддржува решение за израелско-палестинскиот конфликт со две држави, но дека во моментов не ја признава Палестина како независна држава.

„Веруваме дека прво е потребно политичко решение“, рече Штокер, нагласувајќи дека признавањето би било можно само кога ќе има реална основа за две држави, објавува австрискиот портал Puls24.

Како што изјави тој, ако решението со две држави некогаш навистина стане реално, тогаш за Австрија „признавањето на Палестина како држава би било опција или следниот чекор“.

ИЗДВОЕНИ