Привршуваат работите на целосно новата рекреативна зона во Дексион, која многу брзо ќе стане омилено место за сите жители. Од Општина Ѓорче Петров информираат дека станува збор за фитнес-зона на отворено, со современи реквизити за секој што сака да вежба во природа.
– Во просторот се додаваат нови урбани клупи, идеални за кратка пауза, разговор со соседите или за уживање во сончев ден. ЛЕД-осветлувањето ја прави зоната безбедна и пријатна и во вечерните часови, создавајќи модерен и уреден амбиент. Дополнително, целата површина е раззеленета и средена – место што навистина повикува на прошетка, одмор и рекреација – соопштија од локалната самоуправа.
Оттаму додаваат дека со ова уредување, Дексион добива простор што ќе го користат и младите и постарите, простор што ќе ги зближи луѓето и ќе го направи маалото поубаво и попријатно.
– Со уреден, модерен и функционален простор, оваа зона ќе донесе нова енергија во маалото и ќе создаде подобри услови за активен и здрав живот – потенцираат од Општина Ѓорче Петров.












