Динамично и согласно планираната временска рамка се одвиваат градежните активности на и зградбата на фекалната канализација на улицата „Томе Арсовски“ во населбата Бирарија, кои започнаа пред неполн месец.
Од Општината информираат дека во моментов е реализиран околу 75% од вкупниот обем на атмосферската канализација, што , к ако што велат, претставува значаен напредок во краток временски период.
-Во продолжение следува поставување на сливници, со што ќе се овозможи поефикасно и безбедно одведување на атмосферските води и ќе се подобрат условите за жителите на оваа населба.Преку вакви системски и одговорни инвестиции, обезбедуваме трајни инфраструктурни решенија и директно одговараме на реалните потреби на граѓаните – соопштија од Општина Кисела Вода.












