Реконструкцијата на бензинската станица во населбата Расадник е во завршна фаза. Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, изврши увид во градежните активности.
– Овој објект, кој датира уште од 70-тите години на минатиот век, во моментов поминува низ фаза на целосно реновирање и модернизација. Проектот опфаќа не само обнова на станицата туку и партерно уредување на околниот простор пред самиот објект. Дополнително, од задната страна се гради нов паркинг од отворен тип, кој ќе биде ставен на располагање на жителите од овој дел на општината – соопштија од Општина Кисела Вода.
Според Стаменкоска – Тракоска посебно значајно е што со партерното уредување и новиот паркинг не само што се добива подобра функционалност туку и се обезбедува повеќе слободен простор за возилата на жителите од Расадник.












