Во завршна фаза е проектот за осветлување на кејот на Козјачка Река во Општина Карбинци. Станува збор за проект добиен од повикот од унгарскиот кредит, во износ од преку два милиони денари. Проектот треба да биде завршен деновиве, а во наредниот период ќе започне и уредувањето на коритото на Козјачка Река.

– Се работи за осветлување на кејот на Козјачка Река, односно, на патеката во село Карбинци. Ова е проект кој е поддржан од Владата, од вториот повик од унгарскиот кредит. Очекувам деновиве да биде комплетирано целото ова осветлување. Ова ќе значи дополнителни можности за рекреација покрај кејот. Набрзо ќе започне и чистењето на самото речно корито – информираше градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов.

Тој додаде дека од вториот повик, Општина Карбинци доби четири проекти за подобрување на условите во сите населени места, од нив два се речиси целосно завршени, а останатите два се во завршна фаза.

– Од оној втор повик, два проекта се речиси целосно завршени, а два се во завршна фаза. Се работи на улица во село Таринци, како и на каналот Герен во село Долни Балван – наведе Паунов.

 

ИЗДВОЕНИ