Две екипи на ЈКП „Водовод“ – Битола работат на последната фаза од проектот за поставување водовод Битола – Логоварди – Поешево.
Како што велат од јавното претпријатие, со овој проект граѓаните од овај регион ќе добијат комплетно нова водоводна мрежа во должина од шест километри, со нови приклучоци.
– Овие активности се со цел подобрување на квалитетот и сигурноста на водоснабдувањето за сите корисници – нагласуваат од претпријатието.
Оттаму се надеваат на разбирање и трпение во текот на изведувањето на работните активности.