вторник, февруари 10, 2026
Дома СКОПСКА Привршува изградбата на новата полициска станица во Аеродрoм

Привршува изградбата на новата полициска станица во Аеродрoм

187

Жителите на Аеродром првпат ќе може да вадат лични документи: лична карта, пасош и возачка дозвола во својата општина, во новиот објект на полициската станица, која е во завршна фаза.

В.д. градоначалникот на Општина  Аеродром, Дејан Митески, заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изврши увид во изградбата. По барање од Митески, во објектот ќе бидат сместени и управните служби, со што на жителите на Аеродром значително ќе им се олесни пристапот до услуги.

– Станува збор за значајна инвестиција со која Аеродром, конечно, добива репрезентативен објект, каде што граѓаните ќе ги остваруваат своите права брзо и ефикасно – нагласи Митески.

 

ИЗДВОЕНИ