петок, февруари 6, 2026
Дома СКОПСКА Привршува изградбата на градинката во Инџиково

Привршува изградбата на градинката во Инџиково

19

Изградбата на градинката во Инџиково е во завршна фаза. Ова е констатацијата по извршениот увид во градежните активности од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

Градинката е со капацитет за 48 дечиња, и тоа 36 деца на возраст од 2 до 6 години и 12 дечиња во јасли.

Објектот е со површина од 490 квадратни метри и располага со: три занимални, кујна, помошни технички простории, простории за администрација, како и со мултифункционален простор за активности.

Од Општина Гази Баба информираат дека греењето на објектот е решено со топлотни пумпи, што е енергетски ефикасно и современо решение.

ИЗДВОЕНИ