По наредба на раководство во Обвинителството за организиран криминал и корупција, во текот не денот и вечерва се приведени над 10 актуелни полициски началници и полицајци кои биле на смена ноќта на 16 март 2025 година кога се случи страшната трагедија во дискотеката „Пулс“ во која изгореа 62 млади лица, а над 200 се повредени.
Според неофицијалните сознанија, раководните лица и полицајците се од СВР Штип и од Полициската станица Кочани.