понеделник, јануари 19, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Приведени двајца возачи, едниот со 2.65, другиот со 3.34 промили алкохол во...

Приведени двајца возачи, едниот со 2.65, другиот со 3.34 промили алкохол во крвта

150

Денеска (06.04.2025) полициски службеници  од ОВР Кавадарци ги лишиле Х.К.(22) и А.М.(35) поради сомнение за сторено кривично дело „Безобзирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297 А од КЗ, а поради управување на возило под дејство на алкохол.

Имено, кај Х. К. е констатирано дека возилото го управувал со 2.65 промили алкохол во крвта, додека кај А. М. констатирано е дека истиот го управувал возилото со 3.34 промили алкохол во крвта.

Лицата се задржани во ОВР Кавадарци, известен е Јавен обвинител од ОЈО Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ИЗДВОЕНИ