Приведена кавадарчанка која го претепала 6-месечното бебе

23

Дваесет и тригодишна жена од Кавадарци е уапсена утрово во Скопје, под сомнение дека околу полноќ физички го нападнала своето шестмесечно бебе.

Според полициските информации, инцидентот се случил во семејниот дом.

Бебето веднаш е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.

„Денеска (10.11.2025) во 06:10 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 23-годишна жена од Кавадарци. Таа се сомничи дека околу 00:37 часот во семејниот дом физички го нападнала нејзиното шестмесечно бебе, кое е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош. Се преземаат за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.

ИЗДВОЕНИ