понеделник, јули 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Приведена е 28-годишна сопственичка на говеда од Крива Паланка – спречувала вработени...

Приведена е 28-годишна сопственичка на говеда од Крива Паланка – спречувала вработени во АХВ при вршење должност

1334

Полицијата приведе 28-годишна жена од Кривопаланечко, една од сопственичките на говедата што со години слободно се движат во околината на Крива Паланка, влегуваат во ниви и дворови и предизвикуваат штети.

На 20.05.2026 во 13:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ.(28) од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава дека кај место викано „Калин камен“ спречувала вработени во Агенција за храна и ветеринарство при заловување на крупен добиток, информираат од МВР.

Ј.Ѓ. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

 

ИЗДВОЕНИ