понеделник, февруари 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Приведен полицаец од Делчево кој возел без возачка дозвола

Приведен полицаец од Делчево кој возел без возачка дозвола

24

Како што информираат од МВР, утрово во 06:45 часот на булевар „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода С.Д.(23) од село Тработивиште, делчевско.

При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола.

„Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од МВР.

ИЗДВОЕНИ