Приведен охриѓанец кој предизвикал пожар кај селото Лакочереј

39

На 07.08.2025 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.Н.(41) од Охрид, кој се сомничи дека во атар на селото Горно Лакочереј, охридско, предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива.

При преземени мерки и извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа запалка која била одземена за натамошна постапка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ