Приведен мотоциклистот кој удри и усмрти пешак во Скопје

40

На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје мотоцикл „бмв“ со бугарски национални ознаки, управуван од М.О.(22) од Скопје, удрил во пешакот К.Г.(72) од Скопје, соопштија од МВР. Во несреќата на местото на настанот починал пешакот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

-Извршен бил увид од увидна екипа од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител М.О. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.

ИЗДВОЕНИ