Приведен е осомничениот за подметнување на неодамнешните пожари во црквата Нотр Дам во Париз – ќе следи психијатриска проценка

129
Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT
Маж на возраст од 36 години, со потекло од Романија, е осомничен дека ја запалил црквата Нотр Дам, а Кривичниот суд нареди да се изврши психијатриска проценка и го одложи судењето за 7-ми октомври, соопшти денеска Обвинителството, пренесува „Танјуг“.
Доколку се утврди дека мажот е „подложен на кривична одговорност“ ќе му се суди з „уништување со опасни средства“, за што можеби ќе биде изречена казна до 10 години затвор, пренесува „ Фигаро“.

 

Осомничениот кој нема постојано место на престој, е уапсен благодарение на анализата на снимките  од видео-надзорот по два последователни пожари во црквата Нотр Дам во Париз.

Штетата е проценета на два до три милиони евра.

Во четврток, 24 јули, пожар избувна кај статуата во капелата на Свети Јосиф, а потоа се прошири на дрвените панели и неодамна обновениот ѕиден мурал.

Пожарникарите брзо го ставија пожарот под контрола, а немаше повредени.

Ден претходно, забележан е првиот пожар во делот кај оргуљите, кој е целосно уништен.

Во тој момент е исклучена струјата, а вратата од црквата е оставена отворена за часот и непријатниот мирис да можат да излезат надвор.

Штетата, според проценките на градската управа на Париз и на надбискупијата, се меѓу два и три милиони евра, соопшти обвинителството.

Како што се наведува, иако криминалниот карактер на вториот пожар е несомнена, првиот пожар, според првичните наоди, најверојатно е предизвикан од дефект на електричното коло на оргулите.

Меѓутоа, фактот дека двата пожари се случиле во период од само неколку часа предизвикува сомнеж.

 

ИЗДВОЕНИ