На 1 март 2026 година во 21:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 40-годишен маж од скопско село, по претходна пријава за семејно насилство.
Според информациите од пријавата, во текот на изминатата недела тој физички ја нападнал својата 35-годишна сопруга, при што употребил тврд предмет и ѝ нанел тешки телесни повреди. Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Дополнително, според пријавата, тој ѝ се заканувал и со огнено оружје.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.












